Највисоките дневни температури достигнуваат речиси 50 Целзиусови степени, а на екстремните жештини не им се наѕира крајот.
емпературите уриваат стогодишни рекорди – минатата недела дури пет дена беа меѓу најтоплите во историјата на Австралија.
Екстремните температури и сушите доведоа до масовно умирање на животните. Прво се појавија информации дека на бреговите на реките се појавиле милиони мртви риби, а потоа медиумите објавија дека жештината за само два дена убила дури третина од лилјаците во Нов Јужен Велс.

Австралија не памти вакви жештини и суши, а доказ за тоа е и фактот дека тие во изминатите денови предизвикале масовно изумирање на дивите коњи.
Ренџерите вчера во близина на Елис спрингс нашле повеќе од 90 мртви, изгладнети и дехидрирани диви коњи. Уште 200 биле најдени во исклучително тешка ситуација и биле еутаназирани.

пијат од тоа езеро, а кога се исушило, едноставно немале каде да најдат вода.
Во голем број градови вчера беа урнати историски температурни рекорди. Во Аделаида беа измерени дури 46,2 Целзиусови степени, а во Седуна неверојатни 48,6 Целзиусови степени. Метеоролозите најавуваат дека топлинскиот бран ќе потрае со денови.



