Во Австралија се уриваат топлински рекорди. Денеска се измерени највисоки температури во последните 80 години.
Во местото Ваучоп , на 373 километри северно од Сиднеј се топи асфалтот на главниот автопат , поради што работници го прскаат со вода , за да не се лепи за автомобилските гуми.
Рекорди се урнати долж источниот брег на Австралија , кога денеска се измерени 40 степени. Ноќеска е урнат и ноќен температурен рекорд со измерени 35,9 степени местото Нуна , на 800 километри западно од Сиднеј
Според метеоролошката служба , ова е најтопол јануари од 1939 година. Според најавите , температурата ќе опадне во текот на викендот , до следната недела кога се очекува и натаму да се зголемува.
Незаборавна македонска вечер се одржа во дискотека во Мелбурн, Австралија. Стотици млади македонски грла ги пееја македонските патриотски песни. Во […]