Во јавно обраќање до сите што го користат интелектуалното дело на нејзиниот татко, ќерката на Јован В. Павловски прогласува забрана за преработки и користење на текстот на легендарната песна Бисер Балкански кој е авторско дело на покојниот писател.
Маја Павловска алијас Маја Ангел ги предупредува сите што го користат делото на нејзиниот татко без да добијат дозвола за тоа дека ќе завршат на суд за кршење на авторски права.

,,ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ
Во овој пост би сакала да се обратам особено до колегите, изведувачи на македонската музичка сцена.
Имено, веќе некое време, гледам, следам и се чудам, од каде ви е таа дрскост, незаконски да оттуѓувате туѓи авторски песни или без да побарате дозвола од авторите, или носителите на авторските права за истите, да си ги снимате на официјлни носачи на звук, да настапувате на ваши официјални концерти и други слични настани, ги објавувате на youtube, па уште дрскоста да биде уште поголема, си ги снимате со променети аранжмани и најбезобразно ги отфрлате авторите на аранжмани, како да сте ВИЕ, тие што одлучуваат… Како песните да се лично ваши авторски дела…”, порачува Маја Ангел која ја интересира, дали некој од тие што ги земаат туѓите песни , застанале да го прочитаат Законот за авторското право и сродните права?
Ангел прашува дали тие што крадат авторски песни се свесни дека со секоја обработка на песна, доколку не ги испочитуваат авторите, или носителите на авторските права на делото, вршат кривично дело, за кое се одговара според гореспомнатиот Закон.
,,До кога мислите дека ќе ви се толерираат ваквите неколегијални и безобразни испади?
Заради сѐ гореспоменато, на сите вас, кои без дозвола сте направиле преработки на песните:
– “Бисер балкански”,
музика: Хилми Билбил
Текст: Јован В. Павловски
Аранжман: Томислав Таневски;

Leave a Reply