Петар Димчевски од Мелбурн со нов хит – „Сите да заиграме“ снимен во Крушево и Охрид!

Млад, талентиран и полн со енергија – Петар Димчевски повторно не изненадува! Македонецот од Мелбурн, кој и покрај животот во далечна Австралија ја негува македонската песна, го промовираше својот најнов видеозапис за песната „Сите да заиграме“.

По успехот на „Дедовино“, снимена ова лето, Петар реши да ја крене атмосферата со песна која носи радост и заедништво. Видеото е снимено на магични локации во Крушево и Охрид, места кои зрачат со македонска убавина и традиција.

Гости во видеото се: МКУД „Јане Сандански“ од Мелбурн, ансамблот „Гоце Делчев“ од Битола и Влатко – Melbourne Gajda, кои дополнително внесоа дух и колорит во оваа продукција.

👉 Петар е пример за младо македонско момче кое гордо го брани идентитетот, културата и традицијата, каде и да е во светот! Со „Сите да заиграме“ тој испраќа порака до сите – време е за песна, оро и радост!

📺 Погледнете го видеото и почувствувајте ја македонската енергија!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*