Бела Нок во Битола – Градот на конзулите блеска во бело

Секоја година на крајот од месец август, Битола се претвора во магично место исполнето со елеганција, забава и традиција. Настанот „Бела Нок“ стана препознатлив симбол на градот на конзулите, а главната улица Широк Сокак тогаш изгледа како сцена од бајка – илјадници луѓе облечени во бело, насмевки насекаде и незаборавна енергија.

Она што ја прави оваа вечер посебна е тоа што низ целиот град одекнува македонска музика – онака како што ѝ личи на Битола! Песната, играта и дружбата се дел од традицијата која ја обединува и младата и постарата генерација.

„Бела Нок“ е вистинска атракција и за туристите, кои имаат можност да ја почувствуваат македонската душа и гостопримство во полн сјај. Битола повторно покажа дека знае како да приреди незаборавна вечер полна со стил, култура и радост.

Битола како што ја личи – бела, елегантна и горда!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*