Австралиската турнеја на музичкото шоу „Имат Немат“ – концертите речиси распродадени

Голем интерес владее за австралиската турнеја на најпопуларното музичко шоу во дијаспората – „Имат Немат“. Двата концерти во Мелбурн се веќе распродадени, а поради огромната побарувачка закажан е и трет концерт на 7 ноември во Мелбурн.

Од организаторите информираат дека билетите за целата турнеја се при крај и можно е концертите да бидат целосно распродадени уште пред пристигнувањето на учесниците.

На турнејата ќе настапат:

  • Василија Петрова – моментално најпопуларната фолк пејачка,
  • Сања Зделар – најбараната виолинистка,
  • Благојче Стојановски – Туше – миленикот на австралиската публика,
    а за хуморот ќе се погрижи неповторливиот Занко ЗШ и екипата на „Имат Немат“.

Шоуто важи за најгледана програма во македонската дијаспора, познато по тоа што раѓа хитови, враќа стари песни и претставува нови музички имиња.

Турнејата започнува на 17 октомври во Волонгонг, продолжува на 18 октомври во Сиднеј, а потоа следуваат настапите во останатите градови низ Австралија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*