Мелани Тасева се врати дома- најтешко повредената во пожарот во „Пулс“ се избори за живот

Најтешко повредениот преживеан пациент од трагедијата во Кочани, 18-годишната Мелани Тасева по шест месеци во болница се врати дома.

Поради сериозноста на повредите, Мелани првично била хоспитализирана во приватната болница „Жан Митрев Клиник“, а потоа префрлена во Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград.

По третманот таму, се вратила во „Жан Митрев Клиник“, но поради влошување на состојба, во крајно тешка општа состојба на 5 мај била префрлена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ за понатамошен третман.

Во тешка здравстевна состојба, поминала цели 139 дена, борејќи се и таа и целиот тим во болницата за закрепнување – ден по ден, чекор по чекор.

Осумнаесетгодишната Мелани Тасева од Скопје, една од најтешко повредените жртви во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, по повеќе од 6 месеци болничко лекување, конечно се врати дома.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*