
Фолк пејачот Дуле Дули сними нова песна и видеоспот посветени на Дебарското село Требиште. Песната е снимена во студиото на Бале од групата „Галеби“ во струшкото Лабуништа, а видеото го реализираше продукцијата IN Production токму во самото село Требиште.

Во спотот се опфатени прекрасните пејзажи и убавини на селото, претставени низ приказна во која учествуваа повеќе статисти. Со тоа е создадено уметничко дело што ја доловува душата на ова живописно место и претставува траен белег за генерациите што доаѓаат.
Текстот на песната е дело на познатиот автор Драган Матевски, а самата композиција носи порака и емоција што ветува дека ќе се пее долго и со љубов меѓу Македонците.
Leave a Reply