📢 Излезе нов видеозапис – „Еј бавча, бавча“ 🎶

Младиот и талентиран Македонец Даниел Наумовски, кој живее и работи во Сиднеј, Австралија, се претставува пред јавноста со своето прво деби како пејач. Добро познат меѓу македонската дијаспора како тапанар и член на групата „Ритам“, Наумовски реши да направи нов голем чекор во музиката.

Хумористичната песна „Еј бавча, бавча“ и нејзиниот видеозапис се снимија токму во неговото родно село Болно, Ресенско, носејќи автентична атмосфера и многу весели моменти. Аудио-снимката е реализирана во „Просаунг студио“, а видеото во продукција на „ИН продукција“.

Веселиот дух на песната и живописните сцени од видеото внесуваат свежина, смеа и радост кај публиката – вистински македонски хумор со музичка душа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*