🇲🇰 Македонска контра-акција на бугарските ресивери

Деновиве на социјалните мрежи кружат соопштенија од Фејсбук-страници зад кои стојат организации од Бугарија, со цел заведување на Македонците. Во нив се тврди дека се доделуваат бесплатни ресивери во Македонија за гледање на бугарски телевизиски програми.

🚫 Контра на оваа кампања, Македонската сателитска телевизија ИНТВ објави сопствена акција – бесплатни ресивери за сите Македонци во Бугарија кои се чувствуваат Македонци!

📺 Секој заинтересиран може да се обрати директно до ИНТВ, а ресиверите ќе им бидат доставени.

„Македонската песна, култура и традиција – секогаш со вас!“ – порачаа од телевизијата.

Во оваа кампања активно се вклучуваат и нашинците од Австралија. Поради големиот интерес, ресиверите ќе се доделуваат преку македонски здруженија во Бугарија. Во месец октомври и ноември ќе се собираат средства и во дијаспората, за што се очекува масовна поддршка.

Со оваа акција, ИНТВ уште еднаш потврдува дека останува на браникот на македонскиот идентитет, јазик, песна и култура – каде и да живее Македонецот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*