Иако во Австралија живеат над 111.000 Македонци, се бележи драстично намалување на оние што го зборуваат македонскиот јазик дома. Според последниот попис, во Викторија има 49.429 Македонци, но во училиштата за македонски јазик се запишани помалку од 500 ученици.
Причината е што децата се ориентираат кон предмети важни за кариерата, а наученото од дома не е доволно за течно читање и пишување. Сличен тренд има и кај други заедници, но Грците со силна поддршка од училиштата и црквата успеваат подобро да го задржат јазикот.
Австралија се смета за „гробница на јазиците“ – имигрантите постепено го губат мајчиниот јазик поради доминацијата на англискиот. Денес, само половина од Македонците таму зборуваат македонски дома, а децата од мешани бракови најчесто избираат англиски како единствен јазик.

За зачувување на македонскиот идентитет потребна е поголема поддршка од матичната држава преку кампањи, современи учебници и мотивација на младите. Јазикот е најсилниот белег на нашиот идентитет – каде и да живееме.

Leave a Reply