Црква „Успение на Пресвета Богородица“ – село Куратица, со голема чест ги кани сите верници, соселани и драги пријатели да присуствуваат на чествувањето на еден од најголемите христијански празници – Успение на Пресвета Богородица, кој се слави на 28 август.
По тој повод, Црковниот одбор ја објавува програмата за празничните активности:
Среда, 27 август 2025:
- Црквата ќе биде отворена од 18:00 до 01:00 часот по полноќ.
- Сите верници и посетители ќе имаат можност да запалат свеќа и да се послужат со пијалок.

Четврток, 28 август 2025 – ЦЕНТРАЛНА ПРОСЛАВА:
- Отворање на црквата во 09:30 часот.
- Свечена Литургија од 10:30 часот.
- Централната музичка прослава започнува во 12:00 часот со настап на Ташко Каранфилоски и Астра Бенд.
- За сите гости ќе има свечен ручек во 13:00 часот, обезбеден од овогодинешните кумови.
Кумови за 2025 година се:
Давор Николиќ и Ивана Николовска со своите фамилии.
Во духот на традицијата и вербата, ве покануваме сите заедно да го прославиме овој голем празник во братска љубов и заедништво.
Црковен одбор – Св. Никола, село Куратица
Претседател: Г. Мицкоски

Leave a Reply