Оваа година, во ноември, Македонската музичка сателитска телевизија ИНТВ го слави големиот јубилеј – 15 години постоење!
Петнаесет години сме на браникот на македонизмот, со сигнал што допира до секој македонец низ светот. 24 часа македонска музика, култура, традиција и љубов кон татковината!

Покрај сите бури, времиња и невремиња, останавме верни на мисијата – да ја чуваме македонската песна, да го негуваме македонскиот идентитет и да ја шириме македонската култура насекаде!
Овојпат, големиот јубилеј ќе го прославиме во Австралија, во Мелбурн – заедно со македонците од дијаспората!
Наскоро повеќе информации за настанот!
ИНТВ – 15 години љубов кон македонската песна!

Leave a Reply