Инструменталистот и професор по класична музика, Васко Петровски, кој веќе осум години живее и работи во Канада, летово се врати во Македонија. Своиот одмор тој го искористи за снимање на видеозаписи со негови авторски инструментални ора.
Иако неговата професионална кариера е насочена кон класичната музика, Петровски вели дека македонската народна музика отсекогаш била дел од него. Првиот видеозапис го реализираше во своето родно село во битолско, симболично враќајќи се на корените.
Неговото прво оро, со наслов „Татково оро“, е посветено на неговиот татко, а во подготовка се и други инструментални записи. Со ова, Петровски ја потврдува својата цел да ја зачува и пренесе македонската музичка традиција и во татковината, и во дијаспората.

Leave a Reply