Македонецот Александар Велики продолжи со теророт врз ривалите во УФЦ! (ВИДЕО)

Борецот роден во Австралија кој има македонско потекло и е гордост на сите наши иселеници на седмиот континент, Алекс Велики Волкановски дојде до шестата победа по ред во најпрестижната ултимејт фајт-серија (УФЦ), откако во епизодата 232 го совлада Чад Мендес по четири минути од борбата со технички нокаут.

Ова беше дуел од перолесна категорија, по кој Алекс се етаблира меѓу најсериозните кандидати дури и за борба за шампионскиот појас. Битката беше жестока и двајцата борци имаа свои шанси, но Волкановски прв дојде до можност за финиширање и успеа во тоа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*