
Бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер во владата на Бојко Борисов, Крaсимир Каракачанов лаже кога вели дека во втората светска војна Бугарија не ја окупирала Македонија.
Според Каракачанов кој по професија е историчар „Бугарија не била окупатор на Македонија, туку ослободител“.
Сепак според документ издаден од бугарската влада кој го објавуваат членови на
Еврејската заедница, Бугарија и формално дала наредба за окипација а не за
ослободување на Македонија.
Во документот со кој се даваат инструкции на бугарската армија прецизно е наведена фразата „Окупирање на Македонија”, нешто што сега го негира претседателот на ВМРО-БНД, министер и историчар Каракачанов.


Leave a Reply