Во жолт коверт, со името на Јанша напишано со печатни букви, на приватна адреса, во петокот навечер стигнала заканата кон словенечкиот премиер Јанез Јанша и неговото семејство.
Во ковертот бил и куршум со голем калибар, како и испечатена слика од семејството Јанша, а на сите лица на фотографијата, вклучително и на децата на Јанша била впишана мета.

Во пораката стои дека тој прв ќе падне, а завршува со „Смрт на фашизмот, слобода на народот“.
Јанша ги објави сите овие податоци на ФБ профилот и „побара“ помош од секој што ќе го препознае ракописот на заканувачот.
Слична закана добил и министерот за одбрана Матеј Тонин, објавија вечерва словенечките медиуми.
Поради анти-ковид мерките, едни од најстрогите мерки во Европа, се бара оставка од Јанша и словенечката влада, а постојано има и насилни протести со судири меѓу полицијата и демонстрантите.
Јанша во првите свои обраќања пренесени преку медиумите блиски до него, за заканите гледа одговорност во левичарските групи и партии, како и вомејнстрим медиумите, со кои што е во постојан судир и веќе доби критики од ЕУ за својот однос кон слободата на медиумите и изразувањето.
Полицијата ја истражува заканата.
