Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр.2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски“ е прекинато гласањето во 13.56 часот се до 14.13 часот, поради тоа што Г.Ш. заменик член од партија дал двојни ливчиња на Н.П. од советничка листа на град Скопје и за градоначалник на град Скопје.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
– Околу 14.04 часот во Полициско одделение Шуто Оризари Ф.О. пријавила дека во близина на основно училиште „26 Јули“ до обложувалница имало патничко возило „комбе“ со залепени плакати од кандидатот на политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, стои во соопштението од МВР.
Околу 12,45 часот во СВР Скопје, се наведува, Т.К. заменик претседател на гласачко место 2781 во основно училиште „Рајко Жинзифов“ пријавил дека Љ.К. влегол во просторијата со цел да гласа, но откако не го пронашле во Избирачкиот список им се обратил на висок тон на членовите на комисијата по што со мобилен телефон го сликал избирачкото место. Против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во СВР Охрид во 14,12 часот од претставник од избирачки одбор на избирачко место 1283/1 лоцирано на ул. „М.Јорданоски“ во близина на спортска обложувалница е пријавено дека К.С.(35) од Охрид, при гласање го сликал избирачкото ливче. Гласањето е прекинато од 14,12 до 14,25 часот. Лицето е приведено во СВР Охрид и ќе му биде поднесен соодветен поднесок.
– На 17.10.2021 во 13,55 часот во СВР Битола Џ.М. пријавил дека пред основно училиште „Добре Јовановски“ во Прилеп П.A и Д.А. го насочувале за кој кандидат да гласа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.
Изборни нepeгуларности во повеќе градови, привeдени неколку лица
Трајанов: Вo СДСМ имa pacкoл и нeeдинcтвo
„Анализите наши покажуваат дека голем број на гласачкото тело на СДСМ, активисти, членови на СДСМ не излегоа да гласаат. Тоа […]
Што се случува со ДИК,градочалниците од СДСМ кои отидоа за независни ги нема во ДИК!?
Градочалниците од Сдсм кој ови избори одлучија да одат самостојно како независни Максим Димитриевски за Куманово и Ногачевски за Дебрца […]
Во Истанбул завршија преговорите меѓу делегациите на Украина и на Русија
Руските и украинските преговарачи ги одржаа првите директни разговори за ситуацијата во Украина по повеќе од две недели во Истанбул, […]
Сквернавење на црквата „Свети Никола“ во тетовско Доброште
Членови на црковниот одбор на православниот храм „Свети Никола“ во тетовско Доброште денеска откриле дека е извршено сквернавење на икона […]