Четворица руски туристи се пронајдени мртви во хотел во зоната Ќерет, во познатото албанско приморско гратче Каваја. Нивните тела биле пронајдени во хотелската сауна. Основано се сомнева дека причина за смртта е задушување. Нивното отсуство ги загрижило другите туристи од групата со која биле заедно пристигнати, по што го известиле персоналот на хотелот. – Околу 22:20 часот во Ќерет, Каваја, во просториите на хотелска сауна, пронајдени се мртви четири лица, две жени и двајца мажи, државјани на Русија. Телата се дадени на обдукција. Истрагата е во тек. За настанот е известена и руската Амбасада, стои во полициското соопштение. Според Топ чанел починатите лица се Наталија Буренкова (58), Сергеј Буренков (60), Екатерина Буренкова (31) и Никита Белоусов(37).
Четворица руски туристи пронајдени мртви во сауна во хотел во Албанија
Македонија ќе помага во санирањето на штетите од пожарите во Австралија
Техничкиот премиер Оливер Спасовски објави дека Македонија ќе одобри помош за Австралија во справувањето со големата огнена стихија која ја […]
Полицијата апелира за помош од јавноста за лоцирање на човек исчезнат од западот на Сиднеј.
Григориј Џејмс Смит, на возраст од 56 години, последен пат е виден како излегува од дома во Џерси Роуд, Пламптон, […]
Градоначалник на ДПА премина во Алијанса за Албанците
Педесетгодишниот Азем Садики е нов-стар градоначалник на Студеничани. Тој по четврти пат, или во трет мандат во низа ќе ја […]
Рама: Албанија не може повеќе да чека, од ЕУ ќе побараме одвојување од Северна Македонија
Албанија ќе побара од Европската унија дали може да ја продолжи кандидатурата за членство одвоено од нејзиниот сосед Северна Македонија, која продолжува […]