(Видео) Авион се зaглави под мост на автопат во Њу Делхи

Видеата на кои се гледа како авион на „Ер Индија“ заглавен под мост на автопат во Њу Делхи брзо се проширија на интернет.

Новинар од индиската новинска агенција АНИ Њуз сподели видео на Твитер, на кое се гледа како огромен авион е заглавен скоро точно на половина пат под мостот, додека има густ сообраќај наоколу и возилата го заобиколуваат.

Авионот заглавил под пешачкиот мост додека патувал на автопатот Делхи-Гуруграм, недалеку од меѓународниот аеродром Индира Ганди во главниот град на земјата, пишува Times of India.

Авионот бил надвор од работа и бил продаден во моментот на инцидентот, се наведува во соопштението на Ер Индија.

„Ова е стар, истрошен авион што веќе го продадовме“, рече портпаролот на компанијата. „Немаме дополнителни информации бидејќи се поврзани со лицето на кое е продадено“, се додава.

Авионот, како што наведоа, бил преземен од купувачот во саботата, ден пред овој инцидент.

https://twitter.com/i/status/1445431332247588868
https://twitter.com/i/status/1444519287813668864

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*