Скандалозните сексуални активности во извидничкиот камп организиран од „Прв скопски извиднички одред“ пријавени во полиција, потврдуваат од МВР и велат дека заедно со Јавното обвинителство ги преземаат сите мерки.
– Дежурен јавен обвинител е известен за настанот за кој покажувате интерес и издаде насоки до Министерството за внатрешни работи за дејствија кои треба да се преземат со цел утврдување на фактичката состојба, велат од ОЈО Скопје.
Известен е и Центарот за социјални работи, но чека официјална пријава да пристигне од МВР.
Според сведоштвото на средношколка која била дел од кампот, „Секс скаутс и рок енд рол“, на истиот од нив се барало да симулираат секс пози, оставале отисоци од полови органи на хамер, се соблекувале и бакнувале на интимни делови, споделување интимни работи, а сето тоа било бодувано.

