Маж (88), по потекло од Србија, ја убил својата ќерка (58), па си пресудил себеси, пишува порталот Агенпрес
Трагедијата се случила во Падова, Италија.
– Таткото дојде на роденденот на својата ќерка и ја застрела пред куќата, па изврши самоубиство. Двајцата се родени во Србија, а мотивот за невидената трагедија не е познат – наведува порталот.
Според медиумите, таткото живеел во Монфалконе, а ќерката во Падова.


