Заев денеска со став за оставката на Филипче,нема да ја прифати !?

Дали Филипче ќе остане на министерката позиција во здравство или пак, ќе биде прифатена неговата оставка кј тој ја понуди вчера како морален чин поради несреќата во тетовската болница ќе се знае во текот на денот.  Премиерот Зоран Заев, за Сител потврди дека денеска ќе го соопшти својот став по однос на понудената оставка од министерот.

„Да. Ќе соопштам мој став денеска“, ни напиша Заев во СМС порака.

Опозициската ВМРО-ДПНЕ смета дека оставката на Филипче била изнудена и дека не е доволна.

„Понудената оставка од Филипче е изнудена поради притисокот од народот. Партиските инструкции за одбрана на Филипче по социјалните мрежи покажуваат дека Заев несериозно ја сфаќа задачата околу тетовската несреќа. Истрагата може да биде објективна само ако и Филипче, и Артан Груби и Заев си дадат оставка за да нема политичко влијание во самата истрага во која згаснаа 15 животи. Заев да не се крие, туку да излезе и даде одговори. Молкот внесува недоверба и покажува дека се заташкуваат и прикриваат докази“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓувреме стигна поддршка за Филипче од од неговата матична СДСМ.

„Додека цела држава жали ВМРО-ДПМНЕ монтира и шири лажни вести за министерот Венко Филипче.

Работата и посветеноста на Венко Филипче и неговите дела се препознаени од граѓаните и ниту еден фотошоп и  манипулации не можат да го избришат тоа.

Јавноста уште еднаш сведочи на нечовечно некрофилско однесување на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски“, коментираат од СДСМ.

Филипче вчера попладне, 48 часа по пожарот во третовската модуларна ковид болница во кој изгореа 14 лица, објави дека понудил писмена оставка до премиерот Заев од морални причини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*