Од рубликата верувале или не-Бени Шаќири е кандидат за градоначалник на Скопје од ДОМ и ЛДП

Шаќири рече дека како граѓанин се чувствува изневерен од тоа што се случува во Скопје и повика граѓаните да се приклучат на движењето Одлучно за промени бидејќи на градот, како што рече, му требаат нормален градоначалник и нормален прв човек на Советот
Пејачот Бени Шаќири е кандидат за градоначалник на Град Скопје од движењето Одлучно за промени на ДОМ и ЛДП.

Носител на советничката листа, пак, ќе биде познатиот микробиолог д-р Никола Пановски.

Се работи за личности кои се исклучително ценети во својата професија, луѓе со авторитет, чесни и искрени, стари скопјани. Се работи за луѓе кои ќе работат во интерес на граѓаните, кои интересот на Скопје ќе го стават пред сè и над сè. Луѓе кои ќе обединуваат!“,

објави лидерот на ЛДП, Горан Милевски.
Шаќири на промоцијата рече дека се чувствува изневерен од тоа како се води градот во последните четири години и оти тоа му било мотив да се вклучи во тргната за градоначалник.
Извор: 360 степени

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*