Пациент заразен со ковид-19 е снимен како излегува од прозорецот на задната просторија на Одделот за инфективни болести од болницата во Гостивар, објави порталот Лајме.мк.
Од таму велат дека во моментов, сѐ уште нема официјална реакција од страна на болницата или полицијата.
Северна Македонија се соочува со зголемување на бројот на заразени со коронавирус, а по Скопје, Гостивар и Тетово се градови со најмногу активни случаи.
Од почетокот на пандемијата во Гостивар се регистрирани 7557 случаи на коронавирус, додека во моментов има 1221 активни случаи.


