(Видео) Ураганот Ида со paзоpна сила удpи во брегот на Луизијана, ветрот со брзина од 240км/ч го опycтоши брегот

Моќниот ураган Ида удри во брегот на Луизијана. Американскиот национален центар за мониторинг на урагани објави дека ураганот се засилил до категорија 4 (од максимум 5). Ветровите во оваа категорија дуваат со брзина поголема од 240 км/ч.

Првите снимки од пустошот што го предизвикува Ида на брегот веќе се појавија на социјалните мрежи. Луѓето известуваат дека доаѓа многу силен ветер и дека нивото на морето предизвика поплава во некои делови на Њу Орлеанс, дури и во Алабама.

Некои потсетија дека освен Катрина, дури три урагани се случија во ист ден и месец, но во различни години токму во Луизијана. Катрина 29.08. 2005 година; Густав 29.08.2008 година; Исак 29.08.2012, Харви 29.08.2017. Сепак, сите ја паметат Катрина која го срамни со земја Њу Орлеанс.

https://twitter.com/i/status/1431989761745592323
https://twitter.com/i/status/1432008711233544195

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*