ВМРО-ДПМНЕ застана зад Даниела Арсовска: Убеден сум дека го имаме идниот градоначалник на Скопје

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека ќе ја поддржат Даниела Арсовска за кандидат за градоначалник на Град Скопје. Тоа според него е со цел, натпартиски човек да ги обедини сите. Таа според него е докажана личност.

„Во Скопје има недостаток од градоначалник и тим кој ќе го унапредат градот. Делови на Скопје немаат вода за пиење, имаат проблем со канализација, Партизанска се поплавува, нема Луна парк, а има бетон, бетон и бетон. Бетонот го загрозува квалитетот на животот. Епилогот е создавање на апатија, гадење од политика кај граѓаните, демотивација. Затоа на Скопје му е потребен менаџер на градот. Личност кој ќе ги обедени сите“, рече Мицкоски.

Застанувањето зад Даниела Арсовска, според Мицкоски е сигурна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Арсовска е на чело на Сојузот од 2014 година. Претходно беше член на Управниот одбор и претседател на Услужна комора. Таа е член и на Советот за јавно приватно партнерство во Владата на Република Северна Македонија.

Арсовска има магистратура по економија од Универзитетот во Оксфорд и Универзитетот во Шефилд.

СДСМ и официјално го промовираше актуелниот градоначалник Петре Шилегов како кандидат за градоначалник на Град Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*