Со Законот за потекло на имот, чијашто нацрт верзија се очекува да е готова кон крајот на месецов е предвидено проверката на потеклото на имот да важи за сите граѓани вклучувајќи ги и сите бивши фунцкионери, за што ќе има соодветен праг од 30.000 евра, обелодени синоќа вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, во телевизиско интервју.
Николовски посочи дека доколку во предходната година одредено лице нема оправдување од каде потекнуваат неговите приходи, кои се над предвидениот праг, ќе се врши проверка на потеклото на имотот. Со ова вели, меѓудругото, сите ќе се демотивираат да впишуваат имот на туѓо име, а потоа да го враќаат на свое или луѓето да одлежат казна затвор, а потоа да си го вратат нелегално стекнатиот имот.
– “Не може да возите кола од 50 илјади евра, да имате 5 стана или викендици и да не ви може никој ништо. Кривичните постапки не се ефективни,нема конфискација, -Љупчо Николовски – Вицепремиер за борба против криминалот и корупцијата
Претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска за Канал 5 вели дека тие уште пред три години укажувале на потребата од вакво законско решение. Целта вели е секој граѓанин да има можност да го декларира потеклото на имотот.
Вакво законско решение се носи по 47 години, посочи вицепремиерот, а ќе се спроведува преку граѓанска постапка. Какви ќе бидат казните и на кој начин ќе се одвива конфискацијата се уште е во фаза на дискусија.


