Авганистан и дрогата: Колку опиум се произведува и што порачуваат талибанците

алибанците тврдат дека одгледување на опиумов мак е запрено кога претходниот пат биле на власт во Авганистан. Но иако дошло до нагло паѓање во 2001 – кога Авганистан последне пат бил под контрола на исламската милитантна група – одгледувањето на овој мак во подрачјата под контрола на талибаните пораснало во следните години.

Колку опиум се прозиведува во Авганистан?

Стеблата на опиумовиот мак може да се облагородат за да бидат основа за неколку дроги кои предизвикуваат голема зависност, како што е хероинот. Авганистан е најголем свестки произведувач на опиум, според податоците на Агенцијата на ОН за дрога и криминал. Жетвата на опиум во таа земја сочинува повеќе од 80  % од светските залихи.

Агенцијата на ОН во 2018 проценила дека производството на опиум учествувало со 11 отсто во економијата на земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*