Талибанците го уништиле споменикот на шиитскиот воен водач Абдул Али Мазари, кого го убиле во 1995 година по брутална тортура, пренесува АП.
На вчерашната прес -конференција, како и во сите говори оваа недела, талибанците постојано повторуваа дека нема да се одмаздуваат и дека жените ќе имаат права, иако само како што налага шеријатот.
Но, многумина ги гледаат нивните ветувања со сомнеж и стравуваат дека талибанците би можеле да ги прекршат кога фокусот на меѓународната заедница ќе се префрли од Авганистан.
Споменикот на Мазари се наоѓал во провинцијата Бамјан, онаму каде што Талибанците во 2001 година урнаа две масивни статуи на Буда стари 1.500 години, врежани во карпи. Тоа беше непосредно пред американската инвазија, а оправдувањето на талибанците беше дека ги срушиле статуите бидејќи исламот не дозволува идолопоклонство.
