Познатиот македонски бизнисмен и некогашен пратеник, Зоран Витанов со жесток одговор на својот Фејсбук профил на најавените рестрикции за невакцинираните граѓани на Република Македонија.
Тој потенцира дека човековата слобда е нешто вредно за да се загине, и бара истата државата да не му ја загрозува.
-Не сум антиваксер, верувам дека имунизацијата е голема цивилизациска придобивка. Затоа и ПРВ во Македонија донирав во борбата против Корона, но НЕ СУМ УВЕРЕН дека вакцините кои ни ги нудат се ефикасни и дека се корисни за нашето здравје, особено ако не се тестирани ни на глувци и особено што со хистерија ни ја наметнуваат да ја примиме! САМ ќе се уверам и САМ ќе одлучам. Не ме убедувајте да ја примам или да не ја примам! Да убедуваш некако значи да го ставиш “у беда”! Сакам да се УВЕРАМ, а не убедам со кампања! До тогаш- оставете ме на мир сам да одлучам за МОЕТО здравје и не ми ја загрозувајте слободата, оти за неа вреди и да се ЗАГИНЕ!

