Целокупната музичка бранша во Македонија стрпливо чекаше изминативе месеци, заедно со повеќе други поврзани дејности да се создадат услови за нормално функционирање. Сега кризниот штаб ги олабавува мерките за сите освен за музичарите кои и натаму се неправедно оставени на немилост без никаков приход веќе 4 месеци.
Од името на сите музичари и други сценски уметници прашуваме како комисијата утврди дека музиката во некој објект која нема допир со никого е поопасна од пазарџиите,келнерите, од работниците во фабричките хали,мензи и автобуси и други далеку поризични групи кои непречено функционираат за време на кризата.
Револтот кај илјадници луѓе од оваа запоставена дејност и нивните семејства е во кулминација и може лесно да доведе до социјални протести кои во услови на пандемија се најмалку пожелни.
Апелираме до надлежните институции да ги прилагодат одлуките за да може непречено и безбедно да се одвива музичкиот живот како сѐ друго.
Здружение На Естрадни Уметници
Крмов: Кадар на ДУИ СЕ ЗАКАНУВА СО ВОЈНА!
Пратеникот на Левица, Борис Крмов на Фејсбук објави дека кадар на ДУИ се заканува со војна, откако ВМРО-ДПМНЕ објави дека […]
Ѓоковиќ утре ќе биде депортиран, тврдат австралиските медиуми
Новак Ѓоковиќ утре пак ќе ја загуби својата виза за влез во Австралија и ќе биде депортиран, тврди австралискиот весник […]
YouTube ја воведува најсилната анти-вакс акција досега
YouTube презеде досега најсилна акција во врска со дезинформации. Најавено е сеопфатна забрана за каква било содржина на платформата што […]
По ЕСМ, и МЕПСО најавува дека ќе бара зголемување на цената на струјата
Пресметките на компанијата за наредната година се веќе при крај и барањето деновиве ќе го испратат до Регулаторната комисија за […]