ОГНЕН ФРОНТ: Три големи пожари се споија во Австралија

Три големи пожари во Австралија се споија и формираа огнен фронт со големина на еден град. Властите предупредуваат на влошување на состојбите и очекуваат уште покатастрофални размери на пожарот.

Австралискиот премиер Скот Морисон објави дека 3.000 војници се мобилизирани од резервистите за да помогнат во гаснењето во југоисточните делови на земјата. Ова првпат се случува во историјата на Австралија. Од септември, од пожарите изгореа повеќе од 5 милиони хектари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*