Членовите на Македонското друштво „Пирок“ од Швајцарија, во сабота на 16 ноември од 18:00 часот организираат голема Хуманитарна забава, на која ќе се собираат донации за лекување на повеќе лица од Македонија, меѓу кои и за струмичаните, Михаела Петрова од Куклиш, Никола Новоселски од Муртино, Ирена Танчева од Самоилово, Томе Jанев од Струмица.
Со секоја купена влезница посетителите донираат по 5 швајцарски франци за лицата на кои им се потребни средства за лекување, а средства ќе се собираат и со продажбата на традиционална македонска храна и слатки.
На забавата ќе настапат: Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Дамјан Стојановски, Ферус Мустафов, група Болеро со Кико, Антонија Гиговска, Aлен Хасановиќ, Јане Крстев, Орхан и Анил, DJ Guro Miks & DJ Trend.
Како што информираат од Македонското друштво „Пирок“ собраните средства ќе се поделат и на Симона Хаџи-Тошева од Штип, Јане Николов од Зрновци, Лидија Ристевска од Битола, Михаил Митевски од Охрид, Огнен Стојков од Свети Николе и за Љупчо Бојановиќ од Звегор, делчевско.

