Новото време ни донесе со себе нови придобивки, можности и пороци.
Младата генерација е сунѓер кој впивање на нови нешта. Но често како да се впива она што нема да им нооси голема корист во понатамошниот живот.
Стиховиѕе на песните кои секојдневно се пуштаат во етер содржат во себе скриена порака која младите генерации успешно ја наоѓаат и ја вметнуваат во градењето н својот карактер.
Песни со погрдни зборови, спотови со маркирана гардероба, убаво градени момци и девојки, накит кој чини нечие цело богатство.
Спотовите во демешно вррме се живот каков што посакуваат младите. Со друи зборови леб без работа.
А што се случи со песните на Кролина, Тоше, Елена и останатите ѕвезди кои за среќа се уште умеат и прават песни чија порака не алудира на насилство, лесно заработени пари и низок морал. ?
Оваа навидум Патетична тема со себе носи стотици прашња чиј одговор треба да им се разложи на ситни парчиња за мозокот на младите генијалци да сфати дека дека ТОА Е САМО ПЕСНА, ТОА Е САМО СПОТ.
И после мал едукативен разговор тој млад ум да сфати дека девојката со убави облини нема да го поседува автомобилот во кој задоволно се возеше во спотот туку ќе го земе својот хонорар кој е премалку за целиот вложен труд додека трае снимањето.
Иако веќе суштината на песната и спотовите се уште се создаваат и изведуваат песни со таква структура.
Да се биде познат, слушан, популарен и омилен меѓу фановите, да се допре до срцата на илјадници нови луѓе.
Нема ништо лошо само од слушање на новите песни, да се почувствуваш мооќно но само додека трае песната.
Лошото настапува кога човек не е свесен за скриените опасности што ги носи живот каако од спотовите.

