Македонскиот дух живее преку нашите деца!
„Велат нѐ нема, ама еве нѐ!“ – овие зборови најдобро ја опишуваат прекрасната атмосфера и гордоста што ја почувствувавме на одбележувањето на храмовата слава. Уште еднаш се потврди дека македонскиот корен е длабок, силен и нераскинлив, без разлика каде во светот живеат Македонците.
Со песна, оро, драма и искрена љубов кон татковината, нашите деца испратија моќна порака дека Македонија живее во нивните срца. Тие се најголемата надеж и најсилниот доказ дека делото на светите браќа Св. Кирил и Методиј продолжува да свети и денес, преку македонскиот јазик, писмо, традиција и култура што гордо се негуваат од новите генерации.

Особено радува фактот што младите со толку многу љубов и посветеност ја чуваат својата македонска припадност, покажувајќи дека Македонија не е само земја, туку чувство, наследство и вечен завет што се пренесува од колено на колено.
Голема благодарност до сите кои несебично се вложија во подготовката на оваа величествена програма – Наташа Ристевска, Лилјана Ѓоргиевска, Александра Огненовска, Дамјан Дренковски, женската секција и управата. Со својата креативност, енергија и пожртвуваност создадоа настан кој долго ќе остане во сеќавањата на присутните.
Посебна благодарност и до Зоран Баулоски, кој преку својот професионализам ги овековечи најубавите моменти од оваа свеченост, создавајќи спомени што ќе сведочат за македонското единство и љубовта кон татковината.

Додека постојат вакви деца, вакви семејства и вакви луѓе кои со срце ја чуваат својата традиција, нема страв за иднината. Македонија е жива, Македонија се сака и Македонија ќе живее уште многу генерации!
Нека е вечна Македонија, а делото на Светите Кирил и Методиј нека продолжи да ги обединува Македонците ширум светот! 🇲🇰❤️

