„Имав голема чест да добијам понуда од Language Trainers, Melbourne, и со неизмерна радост ја прифатив. За првпат, се отвора платформа каде македонскиот јазик ќе биде целосно застапен – јазикот кој ја носи душата на нашата историја, традиција и идентитет.

Како наставник по македонски јазик и активистка за негова промоција во Австралија, гордо ќе го претставувам македонскиот јазик во северниот и западниот дел на Мелбурн. Сега сите заинтересирани имаат можност да го учат нашиот мајчин јазик и да ја негуваат македонската култура, каде и да се наоѓаат.
Нашиот јазик е повеќе од зборови – тој е врска со корените, со традицијата, со Македонија која ја носиме во нашите срца. Да го чуваме, да го шириме и да го предаваме на идните генерации, за да живее гордо и непресушно македонскиот дух!
За сите кои сакаат да започнат со учење на македонски, обратете се на Language Trainers: https://www.languagetrainers.com.au/
“
— Гордана Димовска, активистка и поборник за македонскиот јазик во Австралија


