Целата спортска јавност беше шокирана од новиот инцидент кој го предизвика Conor McGregor откако удри старец во еден ирски бар. Сега се јави и 50 годишниот старец и ја кажа својата страна на приказната.
„Можам да примам удар. Бев малку натечен околу окото, но не ме болеше премногу. Не ми се допаѓа McGregor. Тој има многу лоша репутација. Се работи за насилник, насилник со пари.“, изјавил стариот Господин.
Тој додадел дека не сака ниту пари од Ирецот ниту извинување, само посакува органите на правдата да си ја завршат целата постапка како што треба.
Инаку, инцидентот настанал бидејќи старецот не сакал да пие жесток алкохол и го одбил на два пати вискито со коe го честел McGregor.
Видео од целиот настан, можете да погледнете под текстот.


