По повод Денот на вљубените – 14 февруари, македонската дијаспора во Мелбурн ја очекува незаборавна музичка вечер исполнета со најголемите хитови од 90-тите години, љубовна атмосфера и автентичен македонски звук.
Настанот ќе се одржи во Mystique Bar & Lounge, на адреса 231 Broadhurst Avenue, Reservoir, VIC 3073, Австралија, со почеток во 19:30 часот.

За одличната забава ќе се погрижат докажани македонски хитмејкери и омилени изведувачи. На сцената ќе настапи Гоце Петрески – Баната, еден од пејачите со најмногу безвременски хитови, чии песни и денес се пеат на сите веселби.
Публиката ќе има можност да ужива и во настапот на Благојче Стојановски – Туше, уште едно добро познато име со богата хит-кариера, како и во настапот на младата и атрактивна Сања Ристевска, која ќе внесе свежина, енергија и модерна емоција во вечерта.
Посебен шмек на настанот ќе му даде и традиционалниот звук на македонската гајда, за кој ќе биде задолжен Влатко Гајда, носејќи ја автентичната македонска традиција директно во срцето на Мелбурн.
Цената на билетите изнесува 40 долари, а истите може да се резервираат на телефонските броеви:
📞 0401 974 092
📞 0403 111 057
Љубов, музика, спомени и македонска душа – сè на едно место за најромантичната ноќ во годината.


