Фолк пејачката Жаклина Жаки ја промовираше својата најнова песна „Не ми допирај срце“, придружена со визуелно впечатлив видеозапис снимен на две локации – во магичниот Охрид и романтичната Прага.
Ова претставува нејзина втора авторска песна, по дуетот „Потомка“ со фолк-иконата Благица Павловска, кој беше одлично прифатен кај публиката.
Новото музичко дело е во продукција на ИН Продукција, а премиерно беше прикажано на Сателитската телевизија ИН ТВ.
Жаклина Жаки е добро познато лице и во музичкото шоу „ИмаТ немаТ“, каде редовно настапува и го плени вниманието на публиката.
Погледнете го видеозаписот и уживајте во најновата песна на Жаки.
🎶✨

Leave a Reply