На годинашното издание на фестивалот „Песна на летото 2025“, наградата за највесела песна им припадна на популарните прилепчани ОК Бенд, кои настапија со нивната најнова хит-нумера „Опса опса са“.
Со својот енергичен настап, заразен ритам и препознатливата харизма, ОК Бенд уште еднаш потврдија зошто важат за една од најпопуларните и најбарани групи во Прилеп и прилепскиот регион.
Публиката на фестивалот уживаше во веселата атмосфера што ја создадоа момците од бендот, а нивната нова песна веќе ветува дека ќе биде хит на забавите и свадбите низ Македонија ова лето.



