4 август 2019 година, Мелбурн, Австралија – Денес во дворот на Македонската православна општина “Свети Ѓорѓи и Пресвета Богородица” во Мелбурн, се одржа традиционалниот илинденски поклон пред Споменикот на великанот на Македонското револуционерно движење Гоце Делчев.

По повод големиот национален и верски празник на Македонскиот народ – Илинден и Свети Пророк Илија, Македонците од Мелбурн положија свежо цвеќе на Споменикот на Гоце Делчев.
Панихида за сите загинати и упокоени за слободата на Македонија отслужи архимандритот отец Гаврил во сослужение со свештениците Климент Станковски и Глигор Киселинов.

Говор за ликот и делото на Гоце Делчев и з Илинден одржа претседателот на Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, Мирчо Ангеловски, кој истакна дека Македонците во Австралија се единствени и обединети во одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ.

После панихидата во “Херитиџ рисепшан центарот” се одржа закуска со богата културно-уметничка програма.
Тодор Петров


