Стефанија Костадинова девојчето со кадифен глас го понесе епитетот најдобра или победник меѓу најмладите во третата сезона од македонското талент шоу Со 14 години пее како да е 20 години на сцена, ова беше најчестиот коментар на жирито во изминативе 8 месеци за светиниколското девојче која со својата интерпретација задржува внимание и буди восхит. Таа е ученичка во ООУ ” Св. Кирил и Методиј”, од септрмври ќе биде во деветто одделение. Нејзиниот талент за музика го препознал професорот по музика во училиштето, Тони Цветковски. Освен музика таа има дарба за цртање и пишување поезија. Во сите нејзини настапи не потфрли во ниту еден круг.Честопати и болна, но со филигранска прецизност во интерпретацијата. Солзите во нејзините морско сини очи ја изнесоа на виделина среќата која ја чуствува Стефанија по победата. Благодарна на Господ за гласот, на родителите за поддршката, на менторот за времето и едукацијата. Прекрасни беа сите деца, кои цела сезона со своите родители доаѓаа на снимање во ИН продукција. Воспитани, вредни, културни, деца кои зрдаво зреат и кои еден ден се надеваме ќе бидат вистински мајстори на својот занает. Ова шоу ги откри, ги зближи, ги направи поискусни и похрабри на сцена.Ова за сите нив е ново искуство на кое ќе се сеќаваат секогаш.Мали а големи, заради одговотноста која ја покажаа при своите настапи, заради професионалноста на сцена, заради поччитта кон својата музика. Имавме деца натпреварувачи и пеачи и инструменталисти. Најмалиот меѓу нив имаше само 8 години кога прв пат ја имаше својата изведба во студиото на ИН ТВ . ИН продукција во корелација со жири комисијата во состав м-р Лени Партикова, м-р Александар Ицов и д-р Гоце Џуклески сите деца финалисти ги нарече со посебни епитети во зависност од вкупниот впечаток кој го оставија во текот на натпреварувањето. Па така беа прогласени со следните зборови:
Стефанија Костадинова девојчето со кадифен глас
Момче донесено рането во болница во Прилеп
Двесет и осумгодишниот Е.И. од село Алдинци, крушевско со повреда од огнено оружје вчера вечерта бил донесен во Општата болница […]
ЖАЛНА ВЕСТ: Почина еден од најпознатите Македонци во Австралија
Во понеделникот вечерта во 11 часот престана да чука срцето на нашиот сонародник Петар Макаловски, опкружен од своите најблиски. Погребот […]
Просечната плата по принципот ,ти 61 000 јас 15 000 во просек во јули изнесувала 28 540 денари
Просечната исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесувала 28 540 денари и е за 4,8 отсто поголема од истиот […]
Пецаков: Службените возила од денес нема да може да се користат по завршување на работното време
Во насока на зголемување на ефикасноста и економичноста, донесовме одлука, Општината и јавните претпријатија да го регулираат користењето на службените […]