Со песната ” Жива” која премиерно ја отпеа во студиото на ИН ТВ, Анета Љумаковска најавува нов проект на кој ќе работат наши врвни имиња од светот на музиката. ” Жива” е дело на композиторот и аранжер маестро Сашко Велков, а текстот е на Анита Даева, која за Анета има напишано и други текстови на песни кои допрва треба да се реализираат. Песната е снимена во студио ” Анастасија” , кај Љупчо Павловски кој се потпишува зад аудио продукцијата. Привилегија на секој автор е да се соработува со Анета, која е професионалец за пример. Со години наназад Љумаковска потврдува дека е вокал кој плени секого, не само овде во Македонија туку во целиот регион и секаде каде што допира нејзиниот уникатен глас. По многуте промени кои и се случија на приватен план, Анета храбро ја продолжува својата кариера и буквално цел овој период не е застаната со настапи. Од она што го дознаваме таа за дочекот на новата 2024 гидина по толку работни нови години , одлучи да остане без ангажман и покрај огромниот број на понуди. Во продолжение слушнете ја нејзината најнова песна “Жива” , прекрасна интерпретација и приказна во која може да се пронајде секоја жена.
“Жива” Анета Љумаковска со најновата песна премиерно на ИН ТВ
Пукотници и експлозии во Бејрут, шестмина загинати и 30 повредени
Најмалку шест лица се убиени, а 30 се повредени за време на денешните демонстрации што во Бејрут беа организирани од […]
(Видео) Најголемите украински нацисти ја дувнаa во Полска
На социјалните мрежи се обрати украинскиот нацист од нацистичкиот баталјон „Азов“ Артјом Бонов. „Луѓе, сите знаат дека Боноу отиде во […]
Подготвен сум да се вклучам во пpeговорите со Бугарија
Јас сум подготвен, доколку има обостран интерес, во секој момент да остварам билатерална средба, било овде, било таму, да се […]
Внимавајте од вакви измами за вработување во Германија, измамени битолчани
На 01.09.2021 во СВР Битола, двајца битолчани на возраст од 37 и 45 години пријавиле дека биле измамени од едно […]