Вера Циривири од Прилеп. Родена 1920 година. Во 1935 година таа со нејзината мајка оди на лекување во Белград каде што татко и Коста работел како шивач. Тогаш, шивачкиот дуќан на Коста Циривири во Белград било познато сврталиште на револуционери од Македонија: Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Борка Талески, Кузман Јосифоски-Питу, Кочо Рацин и други. Вера тука станала истомисленик со овие реболуционери околу истата идеја – национално и социјално ослободвање на Македонија. Во 1940 година, Вера станува член на Комунистичката партија. Кога започнала војната во Македонија, таа на својата мајка и рекла: “Мајко, јас заминав, земјата треба да се брани! Почнал отпорот, се формирале партизанските одреди, Вера е меѓу првите што им се приклучила.Бугарските окупатори давале огромна сума на пари за Вера да биде фатена жива. На 14 јули 1944 година, Вера на партиска задача се наоѓа во Штип. Тука бива опколена од окупаторската полиција, таа за да не се даде жива на окупаторот, се самоубива. Мртвото тело на Вера, бугарските полициајци откако го силуваат го избоделе со бајонети и го фрлиле во реката Брегалница, случајно го наоѓа еден овчар, кој ја погребува подалеку од реката. Со прифаќање на т.н. Француски предлог, нашиот бисер, партизанката ВЕРА-ТРЕНА ќе треба да не постои, ќе се исфрли од сите книги, документи, и било какви образовни и историски содржини. Ќе треба да заборавиме на нејзиниот лик и дело! А ако случајно се потсетиме на било кој начин, Бугарија ќе забележи дека во Македонија има говор на омраза и ќе бара “соодветно” да реагира македонската Влада и судски органи. Ако нивната постапка по забелешките не ги задоволи бугарите, тие ќе стават вето во било која фаза од преговорите. ОЧИГЛЕДНО Е: Европа, преку Бугарија има намера да го зададе последниот удар на Југославија и анти-империјализмот на Балканот. Целосно, еднаш за секогаш, да ги асимилира јужните словени, и да ги впрегне во узди и пранги како периферија на германскиот Рајх. Понадежна е смртта од животот во робство – смрт на фашизмот слобода на народот!
Вера Циривири – ТРЕНА, лежи мртва, посмртно силувана и низ цело тело избодена со бајонет!
Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван
Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата […]
МУЗИКАТА СЕ ВРАЌА НА СВАДБИТЕ И ВО КАФУЛИЊАТА ОД 1. ЈУНИ
Здравствените власти утринава соопштија дека пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи, по што […]
Путин пpeceче: Никој нe смeе да се зaплашува, никој не треба да биде пpинyдуван да се ваkцинира
Рускиот претседател Владимир Путин повтори дека луѓето не смеат да бидат принудени да се вакцинираат против коронавирусот. „Никој не смее […]
Македонија и сè е можно: Во делчевско село се гласало во фарма за магариња
Околу 90 лица евидентирани во избирачкиот список, од делчевското село Нов Истевник, вчера гласаа за избор на локална власт на […]