Новинарка на мкд.мк денеска го нокаутираше Шарл Мишел кога го запраша зошто додека тие во ЕУ може да го бираат полот, ние во Македонија не смееме да кажеме дека сме Македонци.
Од страна на новинарка, Мишел беше запрашан зошто ЕУ ги поддржува примитивните бугарски барања и тврдења за непостоење македонски народ и јазик, а истовремено дозволува граѓаните на Унијата слободно да го изберат својот род. Мишел до толку се збуни од прашањето, што прво се правдаше дека не го слушнал добро, поради лошиот превод, а потоа се правдаше дека не го следи прашањето односно дека не е соодветна проценката.



