Технолошкиот магнат и милијардер Илон Маск оваа недела предупреди дека Соединетите Држави мора да преземат чекори за справување со инфлацијата или ќе завршат како социјалистичка Венецуела.
Маск, кој моментално е во процес на стекнување на Твитер, на виртуелна конференција изјави дека верува оти владата отпечатила премногу пари во последниве години.
„Мислам, очигледната причина за инфлацијата е тоа што владата отпечати милони повеќе пари отколку што имаше, очигледно“, рече Маск, најверојатно мислејќи на пакетите за стимулации за помош од КОВИД-19 вредни трилиони долари што беа донесени во последниве години.
Инфлацијата во САД се зголеми за 8,3 отсто во април, во споредба со претходната година. Тоа е малку пониско од скокот од 8,5 проценти во март, но сепак е блиску до највисокото ниво во последните 40 години.
„Значи, владата да не може… да ја зголеми циркулацијата на пари повеќе ид приходите, а да нема инфлација, знаете, брзината на парите е константна“, рече извршниот директор на Tesla.
„Ако федералната влада пишува чекови, тие никогаш не отскокнуваат. Значи, тоа е ефективно создавање на повеќе долари. И ако има повеќе создадени долари, тогаш има зголемувањето на цените стоките и услугите низ економијата, тогаш имате инфлација, повторно, брзината на парите се одржува константна“.
Ако владите можеа само „да издаваат огромни суми пари, а дефицитите не беа важни, тогаш, добро, зошто само да не го зголемиме дефицитот 100 пати поголем“, праша Маск. „Одговорот е, не можете затоа што во основа ќе го претвори доларот во нешто што е безвредно“.
„Различни земји го испробаа овој експеримент повеќе пати“, рече Маск.
„Дали сте ја виделе Венецуела? И таму сиромашните луѓе на Венецуела, знаете, се само грубо управувани од нивната влада“.
Во 2018 година, Венецуела, земја со значителни резерви на нафта и гас, забележа раст на инфлацијата за повеќе од 65.000 проценти во услови на економски крах што вклучуваше пад на цените на нафтата и владини контроли на цените. Режимот на Николас Мадуро потоа почна да печати пари, а со тоа да ја девалвира нејзината валута, што предизвика цените брзо да се зголемат.
За време на конференцијата, Маск, исто така, рече дека администрацијата на Бајден „се чини дека не завршува многу“ и се сомневаше кој е всушност одговорен.



