Пратениците за патни трошоци земаат и до 4 илјади евра месечно, „Доста е“ бара да користат бесплатен јавен превоз

Наместо скап пратениците да користат бесплатен јавен превоз согласно закон бараат од граѓанската иницијатива Доста е од Струга.И додека граѓаните едвај преживуваат за исплата на патни трошоци за пратениците за шест месеци од септември лани до февруари годинава потрошени се околу 100 илјади евра .Најголемата сума која за зел еден од пратениците изнесува над 4 илјади евра.

Активистите бараат измени во законот за намалување на патните трошоци на пратениците.

Од Доста е предлагаат патните трошоци  да бидат вметнати во бруто платата на пратениците, со фиксен надоместок  не повеќе од  300 евра месечно. Иако битката за намалување на патните трошоци трае со години , од сето тоа сеуште ништо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*