Термобарично оружје: Разорното оружје што Русија го испрати во Украина

краина ја обвини Русија дека на шестиот ден од инвазијата нејзините сили употребиле термобарично оружје на украинска територија, познато и како вакуумска бомба.

 „Денес употребија вакуумска бомба, што всушност е забрането со Женевската конвенција“, изјави Оксана Маркарова на новинарите по напуштањето на состанокот со американските конгресмени во Вашингтон.

Мариупол: „Не можеме да ги извадиме ранетите од улиците бидејќи гранатирањето не престанува“

Сепак, западните медиуми досега не успеаја самостојно да го потврдат ова сериозно обвинување.

Но, затоа пред неколку дена беше потврдено дека ваквото оружје – поточно рускиот мобилен ракетен систем ТОС-1 – навистина е на пат кон Украина.

Си-Ен-Ен го сними во саботата на руско тло на пат во близина на границата со Украина, јужно од Белгород, град во југозападна Русија.

Висок официјален претставник на американската одбрана потврди за Форин полиси во вторникот дека руската војска навистина донела ракетни системи способни да истрелуваат термобарични ракети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*