Несекојдневна ситуација е снимена во Тузла минатиот петок кога полициската акција пропаднала бидејќи полицајците кои требало да уапсат дилери, се заглавиле во лифт на станбена зграда.Според информациите потврдени од повеќе извори, група припадници на Специјалната единица на Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла минатиот петок тргнале на задача во која требало да уапсат две лица осомничени за шверц на дрога.Осомничените биле во стан на 13 кат од станбена зграда во Тузла.Меѓутоа, како што неофицијално се дознава, акцијата тргнала наопаку, бидејќи четворица полицајци се заглавиле во лифт кој според неговата конструкција бил наменет за две лица, пренесува Српскаинфо.Извори на порталот Кликс наведуваат дека заглавените полицајци потоа побарале помош, а дилерите ја искористиле таквата информација како можност да избегаат, притоа одбивајќи одредена количина дрога што ја имале со себе. Набргу потоа, заглавените полицајци беа извлечени од лифтот неповредени и вратени во просториите на единицата, додека дилерите се уште биле на слобода.Засега не се знае дали и на какви санкции ќе подлежат полицајците, а од полициската управа на МВР на Тузланскиот кантон официјално не се огласија за овој случај.
Четворица полицајци се заглавиле во лифт наменет за двајца, па лицата што требало да ги уапсат им избегале
СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – КИНГЛЕЈК ДЕНЕС ЖИВЕЕШЕ СО ВЕРА И ДЕЛА
Литургија, заедништво и заеднички труд во пресрет на Божик** Денес, 3 јануари 2026 година, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во […]
Пykaње во Битола, yaпceни две лица
Две лица се уапсени во инцидентот кој се случи вчера во Битола. Како што соопшти МВР, во 18.50 часот од […]
Ниту ДУИ, ниту Беса – Заев вели дека нивните гласачи сами ќе изберат за кого ќе гласаат
Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вели дека имал средба со коалициските партнери и дека добил уверување од нив […]
Шведска ги укина сите мерки, дали тактиката на Тегнел успеа?
Шведска денеска направи уште еден чекор кон нормализирање на секојдневниот живот на своите граѓани, укинувајќи ја од 1 ноември обврската […]